Овен (21.03 – 20.04)
Вистински ден за оставање на добар, односно одличен впечаток во околината. Иако се ќе ви оди од рака, внимателно одберете ја личноста која од некоја причина треба да ја импресионирате и оставете вашиот шарм да си го направи своето. Денес, лесно би можело да се случи да ја добиете довербата од претпоставените за некоја многу важна работа.
Бик (21.04 – 21.05)
Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар. Партнерот е разочаран од вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Добро би ви дошло едно кафе со старите пријатели. Не занемарувајте го здравјето, можни се болки во зглобовите, затоа вежбајте повеќе. Можни се многу пријатни изненадувања од страна на вашиот партнер. А тие што не се во врска, ги очекува средба со поранешниот партнер, која повторно ќе разбуди некои чувства од минатото.
Лав (23.07 – 22.08)
Во љубовта проблеми и несогласувања, ако сакате да ја задржите врска премолчете. Ако мислевте да почнете некаков проект на професионално поле, денес е вистинскиот ден. Не заборавајте дека важно е да го направите она што чувствувате, а не она што другите сакаат да го направите.
Девица (23.08 – 22.09)
Во тмурното расположение кое моментално ве притиска последна работа која ви е потребна е кавгата со блиско лице, но токму тоа е можно да се случи денес. Бидете паметни и возвратете со вистинската мера, говорејќи го она што го мислите за луѓето да сфатат што ве навредува.
Вага (23.09 – 22.10)
Некое ново пријателство или обновено пријателство ќе ви изгледа сомнително, но личноста за која станува збор нема никакви скриени намери, туку ви пристапува со чисто срце. Препознајте го тоа и совладајте го сомневањето, бидејќи од ова пријателска врска ќе излезат многу позитивни работи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денот ќе ви биде исполнет со смеа и изненадувања, работните обврски ќе ги извршувате брзо, а по завршувањето ќе го посетите омиленото кафуле. Во семејството исто така ќе владее хармонија. Ве очекува изненадување кое ќе ви го промени животот на подобро.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Точно знаете што треба да направите за да ја средите ситуацијата, но мора да ја намалите вашата осетливост и да настапите ладно и пресметливо без оглед што околината се сомнева во вас. Иако луѓето понекогаш ве доживуваат така, на вас ви е многу тешко и ќе мора да се потрудите тоа да го изведете на уверлив начин.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува емоционален повик од некој близок пријател, кој има многу грижи. Излезете му во пресрет и поканете го на ручек, после завршувањето на работното време. Што се однесува на љубовта, бидете внимателни, не верувајте им премногу на додворувачите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Претпоставените многу ви веруваат и ви даваат поддршка. Денес ќе имате уште еден доказ за тоа. Ќе ви биде доверена задача која за вас ќе претставува голем предизвик. Денес ќе бидете изненадени и од поголема сума на пари. Се работи за средства кои ќе ги добиете однапред, за некоја работа која допрва треба да ја сработите.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе бидете таинствени и блиските лица нема да ги известите за вашите намери. Внимавајте што зборувате затоа што семејството може да се најде навредено од некои ваши размислувања. Внимавајте и на возењето. Патиштата се во лоша состојба и можни се проблеми.