НА ДУЕЛОТ СО ЛЕТОНИЈА: 100-ти меч на Пандев во репрезентацијата

by Тони Зографски

Првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Летонија на 21. март на националната арена „Филип Втори“ ќе биде во знакот на  Горан Пандев кој ќе го одбележи својот 100-ти натпревар во репрезентативниот дрес. По тој меч Пандев ќе биде само втор фудбалер со 100 репрезентативни настапи во историјата, по Гоце Седлоски.

„Упатувам апел до навивачите да дојдат и да го поздрават Пандев. Ако можат во Италија со овации да го поздрават 80.000, сигурно може и Македонија да дојде и да го поздрави.“ – вели македонскиот селектор Игор Ангеловски.

Инаку, Селекторот Игор Ангеловски не направи поголеми изненадувања и промени во списокот, па за мечевите против Летонија на 21 март во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ и мечот со Словенија на 24 март во Љубљана ќе смета на следните фудбалери:

Билетите за пресметката против Летонците која се игра од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје од денеска се пуштени во продажба, по цена од 150 денари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com