Амел и Џорџ Клуни синоќа во Бакингемската палата беа гости на принцот Чарлс. Адвокатката за човекови права Амал ги засени сите облечена во долга, бела тоалета на Стефан Роланд, во придружба на нејзиниот сопруг, холивудскиот актер, заедно со други донатори, поддржувачи и амбасадори на „Принц-траст интернационал”.
Меѓу гостите од шоу-бизнисот беа и актерите Џош Харнет и Бенедикт Камбербач, познат по улогата на Шерлок Холмс.
Инаку, Амал е блиска пријателка на Меган, војвотката од Сасекс, и славната двојка беше поканета на кралската свадба лани во Лондон.