Македонскиот виртуоз Влатко Стефановски на дел од неговите концерти патува со синот Јан и со ќерката Ана. Помалиот Јан, неодамна импресионираше на тапани на настапот на „Златна бубамара“ заедно со татка си.
Ќерката Ана му е друштво на Влатко на повеќето од патувањата. Лани тој со ќерката беше во Падова, Италија, на неговиот настап на хрвтскиот остров Бриони, како и во Словенија.
Инаку, Ана по професија е дизајнер и магистрираше дизајн токму во Италија. На фотографиите се гледа дека многу наликува на својата мајка Гордана, која почина пред една година.
“ Ќерка ми Ана самата доби стипендија, магистрираше, сега се обидува да запише докторат“, изјави Стефановски во едно интервју за ќерката.