Да знаете како да се облечете за интервју за работа е непишано правило кое постои уште одамна, бидејќи облеката е одлична за оставање добар впечаток. Ако некој знае како да се облечете за да импресионирате, тогаш тоа дефинитивно е главната уредничка на Вог, Ана Винтур.
„Многу ми е интересно како луѓето се облекуваат кога доаѓаат на интервју за работа. Понекогаш ви изгледа како да облекле нешто што го купиле баш тоа утро, или една ноќ пред разговорот, а не нешто што лично им одговара на личноста“, вели Ана.
Таа додала дека сите, без оглед на тоа дали се јавувате на интервју за работа во Вог или на било кое друго место, треба да знаете дека не се вработува вашиот гардеробер и облека, бидејќи тие нема да ги завршуваат работите наместо вас, туку треба самите да ја завршите.
Се сетила на едно младо момче на кое му ја дала работата, а кој на разговорот се појавил облечен во фустан и со ташна на раката.
„Веднаш го вработив. Треба да се облекувате за себе. Истото важи за било која работа за која аплицирате и не си правите услуга ако се претворате во нешто што не сте“, додала таа.
Модниот експерт го споделил мислењето за хеланките и изјавил дека најдобри се оние црните обични хеланки.