Атрактивната Бразилка и поранешен ангел на “Викторија Сикрет“ Изабел Гоуларт предизвикува внимание кај и да се појави. Во описот на работа и е да изгледа совршено, и телото да и биде во топ форма, било да биде на модни ревии, да снима реклами или да биде на плажа со дечко и, голманот на Бундеслигашот Ајнтрахт од Франкфурт, Кевин Трап.
Овој пат таа отиде чекор понапред, па за популарнито карневал во Рио, Изабел се облече провокативно за сите погледи да бидат свртени накај неа. Бразилката облече црни кратки панталони, а место маица или бикини, градите ги покри со градник составен од гердани од дијаманти.