Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се наоѓа во центарот на нов скандал.
Имено, Португалецот вчера бил виден во Доха во друштво на 14 години помладат Пру Картер-Робинсон која е наводно негова љубовница, како и со својот асистент Рикардо Формошино.
Наводно, Пру и Жозе уживале во сонцето, но и биле внимателни да не бидат еден покрај друг. Она што е интересно е што таа на својот телефон го носеше логото на Манчестер Јунајтед.
Според „Сан“, Мурињо веќе 8 години бил во љубовна врска со оваа 41-годишна блондинка. Во обид да ја објават приказната додека Португалецот беше на чело на Манчестер Ј., новинарите на „Сан“ добивале закани од адвокатите на Мурињо, што само го пролонгира објавувањето на приказната.