Холивудскиот актер Џејсон Момоа кој се прослави со улогите во серијата „Игра на престолот“ и “Аквамент“ и кој е прогласен за најзгоден маж на светот, доживеа вистинска драма.
Како што пренесуваат медиумите, авионот во кој бил и Џејсон наводно се запалил , а актерот се огласи преку Инстаграм. Момоа се фотографирал со пожарникарите.
“ Добри, стари пожарникари, мора да ги сакаш“ напиша Момоа со фотката.
Сепак, подоцна службата што го прегледала авионот и информирала дека се работело за лажна узбуна, и до пожар воопшто не дошло.