Познатиот српски водител Славко Белеслин е приведен од полицијата откако направил инцидент бидејќи немал пари да плати паркинг, а не му дозволиле да излезе со возилото.
Како што тврдат очевидците за курир.рс, водителот прво со автомобилот “Тојота“ го попречил влезот на паркингот, па излегол од автомобилот и со раце и нозе удирал по стаклата на касата да дојде до вработениот и со него да се пресмета.
Славко при нападот и самиот се повредил, а поголем инцидент е спречен откако дошла полицијата.
– Кога последниот пат удри во стаклото си ја исече раката. Почна да крвари, па се смири. Набрзо дојде полицијата и го приведе, – изјавил извор за курир.рс.