Внук му на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, Јошка Броз во една емисија откри што дедо му признал како своја најголема грешка.
– Тито ми рече: Тоа што го пуштив Уставот од 1974 години. Тој устав стоеше во мојата фиока десет дена и со него беше почеток на крајот на Југославија…. Ми рече тогаш, не сакал да потпише, и на моето прашање зошто не ставил вето, Тито одговори: Јас како демократ не сакав да бидам надгласан во Собранието. Можев да ставам вето, грешка е што не ставив, – вели Јошка и додава:
– Киро Глигоров и Мика Шпиљак го потпишаа Уставот, а целата работа ја побутнаа Кардељ и Стево Краичиќ кој успеа Тито да го скара со сите најблиски луѓе.
Јошка Броз зборуваше и за односот на Тито со Јованка.
– Тито многу ја сакаше Јованка. Тој никогаш официјално не се разведе од неа. Дедо ми неколку пати и рече да не се меша во политиката. Тој поради неа не доаѓаше во Белград, а во Љубљана не сакаше да ја види. Јованка беше против Стане Доланц и Никола Љубичиќ, а на на неговиот погреб не сакаше ниту рака да им подаде, изјави Јошка кој е сигурен дека Тито умрел на 4 мај и дека е закопан во Куќата на цвеќето во Белград.
– До последен момент бев со него. По смртта го ставија во лимен сандак. Ноќта по погребот беше ставен мермерот од девет тона на неговиот гроб.