Познатата јужноафричка пејачка Бејбс Водумо во живо на Инстаграм од својата спална соба пренесувала како јa тепа нејзиниот дечко, исто така музичар, Мандла Мафумуло (36).
Шокантната снимка предизвикала огорчување во Јужна Африка и покрена полициска истрага.
“ Имаме наредба да ја пронајдеме Водумо за да даде изјава за отварање случај ако навистина е нападната“, соопштила полицијата.
Водумо, чие вистинско име е Бонгекиле Симелане, одбива да коментира, но подоцна, по наводниот напад, објави видео на својот Инстаграм профил.
Нејзиниот тим на Твитер се заблагодари за пораките со поддршка.