(фото: М. Лопичиќ)
Директорот на белградската филхармонија и поранешен српски министер за култура, Иван Тасовац при крајот на минатата година имал незгода кога играјќи кошарка го повредил рбетот и завршил во болница каде останал дури месец и пол. Но, потоа следуваат лошите вести кога дознава дека му е откриен тумор на еден од пршлените.
“ Се повредив на кошарка и докторите констатираа дека ми пукнал првиот пршлен и дека нема шанси да играм за новогодишната ноќ. Веќе утредента, после додатните испитувања откриен е голем тумор на четвртиот пршлен. Потоа започнуваа разни прегледеи и анализи како би се утврдила природата на туморот. Бев на операција, туморот е одстранет, а спортската повреда санирана. Пред шест недели ја напуштив болницата“ изјави за курир.рс Тасовац и додал:
“ Почнувам да верувам дека мажите во одредени години подобро да се занимаваат со помалку екстремни спортови, како што се везење, плетење и шах.