Холивудскиот актер Џани Русо (75) кој тврди дека кога имал 16 години имал афера со Мерлин Монро, во своите мемоари објави дека знае кој ја убил Мерлин Монро. Според него, Мерлин не умрела од предозирање како што тврдела обдукцијата, туку нејзе ја убил братот на тогашниот американски претседател Џон Кенеди, Роберт.
“ Мафијата сакаше да го уценува Кенеди со Мерлин, се со цел да ја започне инвазијата во Куба и да им ја препушти контролата над коцкарниците. Тоа мораше да биде Роберт. Никој друг не би ја убил. Мафијата не би го направила тоа бидејќи Мерлин им се допаѓаше. Таа беше девојка која ако и дадете неколку таблети и неколку пијачки, ќе отиде со секого. Мерлин беше одлична љубовница и сакаше сите да ги задоволи “. изјавил Русо и додал:
“ Човекот познат како “Доктор“ е убиецот. Тој шприцнал воздух во вената на Мерлин и таа умрела од емболија. Полицијата објави дека се предозирала со дрога“.