Овен (21.03 – 20.04)
Венера која владее со вашата астролошка куќа за пари и работа но и партнерски односи и брак преминува преку полето на партнерските односи и можете да очекувате поволни вести во врска со некој проект за кој веќе долго размислувате и кој би можел да донесе добри приходи ако се работи за соработка со странци.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате потреба некоја работа која ви е многу важна сепак да ја завршите во најкраток можен период. Меркур, планетата на бизнисот која владее со вашата астролошка куќа на парите и работата сеуште е во конјукција со Сонцето и им носи упех на оние кои се занимаваат со пишување, медиуми или уметност.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Очекувате повик од еден Лав, Девица или Стрелец. Нешто во вашиот живот започнува да се придвижува од мртвата точка, но сепак ви недостасуваат пари. Меркур кој владее со вашата астролошка куќа на личноста, но и домот и приватниот бизнис добро е поставен кон вашиот знак и немате причина да се грижите дали ситуацијата ќе се одвива поволно или не.
Рак (22.06 – 22.07)
Во текот на денот вашето расположение се менува бидејќи Меркур кој владее со вашата астролошка куќа за личности во Водолија ве иритира и вие од фаза на стабилност преминувате во состојба на амбиции и се обидувате да надокнадите се што досега сте пропуштиле. Овој транзит донесува и вест од Вагата или Бикот поврзана за некоја нова работа или продолжување на започнатото.
Лав (23.07 – 22.08)
Се наоѓате во фаза на исчекување нешто да се случи бидејќи Венера која владее со вашата астролошка куќа за комуникациите, патувањето и бизнисот е во напнат аспект со пребирливиот Плутон и вие веројатно ќе добиете некоја понуда, вест од некој кој сака да ви помогне и ќе бидете во состојба да се поставите како што треба кон проблемот со кој сте соочени.
Девица (23.08 – 22.09)
Нагласеното астролошко поле на вашата личност со Јупитер ве прави подготвени да го послушате советот на еден Рак, Бик или Стрелец бидејќи имате во нив голема доверба. Позицијата на Марс не го активира вашиот сегмент на работа во доволна мерка. Тоа би можело да значи дека имате потреба од заштита и помалку детинесто расположение како и недостаток на одговорност.
Вага (23.09 – 22.10)
Вашиот знак е нагласен како и знакот на Водолија и ве прави многу друштвени, а Венера која владее со вашата астролошка куќа на личноста преминува преку неа и донесува потреба за обновување на некои врски и контакти. Транзитот на Месечината ја нагласува потребата за поголемо внимание да им обрнете на членовите на семејството кои се амбициозни но и незадоволни со својот статус.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сонцето во Меркур во напнат аспект со Месечината ја зголемува вашата амбиција. Ова би можело да биде знак за добра заработка од работењето во голема фирма или со личности со кои сте врзани пријателски, колегијално или ви се роднини. Еден Рак се обидува да ве убеди на нешто што вие не го прифаќате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Еден од подобрите денови ако планирате работа во медиумите или очекувате деловна понуда од некој кој често го среќавате во друштвените кругови. Не дозволувајте било кој да ве изнервира ако сте склони кон нерасположение или промени на расположението во последно време. Можна е некаква вест од Бик.
Јарец (22.12 – 20.01)
Во текот на денот можете да бидете плашливи и недоволно сигурни во себе. Месечината со својот транзит преку Водолија во напнат аспект со Месечината може да ви донесе ризик во работата. Трудете се да го најдете најдобриот начин како да се договорите со еден Лав околу помошта која ви е потребна од него.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во текот на денот ќе добиете прилика да се сретнете со пријателите. Месечината која владее со вашето астролошко поле за работа и секојдневни активности, преминува преку вашиот знак и ве прави подготвени да започнете нова работа независно од можните пречки за кои сте свесни дека ќе се појават. Некој ќе ви даде добар совет.
Риби (20.02 – 20.03)
Нагласеното астролошко поле на странство, роднини, духовност и нагласеното астролошко поле на кариерата и авторитетот ви носи можности за успех во работата со странци. Можете да добиете прилика да се сретнете со некој со кој не сте се виделе одамна, а ви е особено драг и веројатно заедно ќе дојдете до некои совршени идеи.