Мелиса Мекартни е една од актерките која им носи насмевка на лицата на луѓето само што ќе го чујат нејзиното име. Таа не ги пропушти Оскарите да направи добар “виц“.
Имено, Мелиса и нејзиниот маж Бен Фелкони можеби на свеченоста на доделувањето на Оскарите беа на ниво, односно, во свечени тоалети, но на афтер-парти тие се појавија во тренерки. Единствено што можеби е утешно што брачниот пар се појави во брендирани тренерки, од марката Адидас. Фанови на на Мелиса и Бен беа воодушевени од нивниот избор на тоалетите.
Инаку, интересно е што актерката и претходно знаеше да биде во центарот на вниманието. Така, на доделувањето на “Златниот глобус“ таа со себе понесе сендвич со шунка и сирење.