Во интервју дадено за новости.рс Јелена Ѓоковиќ откри какви им се плановите и каде ќе живее со Новак по завршување на кариерата.
“ Улогата на сопруга на Новак за мене е прилично драга и вредна. Го живеам сегашниот момент. Во моментов, живеам во авион (се смее)… Но, ќе живеем таму каде што ќе им биде најдобро на нашите деца и каде ќе имаат најдобри услови за школување и живот. Па веќе е познато дека сите родители плановите за иднината ги прават во правецот каде ќе им биде најдобро на нивните деца. Така да и ние се водиме според тоа, според нашите деца – изјави Јелена Ѓоковиќ.