Во местото Дубравец во близината на Вараждин, во една куќа е пронајдено мртво новороденче. Според извештајот на полицијата, куќата ја користела една 28-годишна девојка. При претресот пронајдено е тело од новороденче.
Како што пишува, Вараждински.хр, мајката се породила во фамилијарната куќа, а потоа отишла на работа. Таму и се слошило, па со итната помош е пренесена во болница каде и е откриено дека има родено.
Наводно, мајката ја криела бременоста, и додека не се случила трагедијата никој и не знаел дека таа чека дете.