Игор Џамбазов е еден од најактивните јавни личности на социјалните мрежи. Тој постојано, во свој стил, ги коментира актуелните настани, а вчера со објава на својот Инстаграм профил човекот си кажа со кога сака да вечера. Со никој друг туку со една од најсекси жени на планетата, Емили Ратајковски.
“Некој сака концерт во “Борис Трајковски”. Јас сакам вечера со Емили Ратајковски“ напиша Џамбазов под фотографијата.
Инаку, Емили Ратајковски (28) веќе неколку години не се симнува од тронот на најубави манекенки и е една од најубавите жени на светот.