Карго авионот Боинг 767 во кој биле три лица се урнал недалеку од Хјустон. Авионот летал од Мајами до Хјустон, а радорот го изгубли на околу 48 километри од аеродромот, пренесува Ројтерс.
Шерифот во Тексас, Бајрон Хоторн изјавил дека авионот се распаднал при падот и дека не очекува да има преживеани.
Откривањето на деловите на авионот и на настраданите е отежнато бидејќи се работи за тешко пристапно подрачје.