Ана Галевска Јакимовска д-р вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика Скопје
Како и луѓето така и кучињата можат да добијат габични инфекции на кожата но исто така може да ги зафатат и внатрешните органи.
Габичните инфекции на кожата се доста чести кај кучињата. Можеби се познати како болести кои не мора да се излекуваат до крај и се менаџираат до крај на животот без разлика што третманот е доста лесен и достапен во секое време.
Која е причината за појава на габични инфекции кај кучињата?
Габичните инфекции кај кучињата се предизвикани од габи. Тоа се организми кој нормално ни се наоѓаат на кожата, но при пад на имунитетот или по рековалесценција на некоја болест знаат да се активираат и да предизвикаат инфекција. Има и такви кои преку инхалација или директен контакт може да ги внесеме во организмот и да ја предизвикаат гореспоменатата состојба.
Габичните инфекции се делат на системски кој ги афектираат внатрешните органи и локализирани кој ги афектираат мукозните мембрани и кожата кај кучињата.
Системски габични инфекции
Најчести системски габични инфекции кој ги афектираат кучињата се:
Назална аспергилоза
Аспергилозата најчесто е предизвикана од мувла која се наоѓа во косена трева, сено и прашина. Претставува инфекција која најчесто ги напаѓа старите и веќе болни кучиња. Симптоми се:
- Кивање
- Крварење од нос
- Отечена слузница на нос
- Намален апетит
- Исцедок од носот
Терапијата се состои од давање антифугални лекови кој се администрираат директно во носот, но постои опција таа да се прошири системски и во тој случај треба да се препише антифугална терапија.
Бластомикоза
Бластомикозата претставува габична инфекција која се добива преку габа која најчесто се наоѓа во влажна средина (почви со зголемена влажност, дрва кој што скапуваат и др). Застапена е кај ловечките кучиња кој најчесто трчаат низ мочварести средини и ги инхалираат спорите на габата.
Симптоми на болеста:
- Kaшлање
- Покачена температура
- Опаѓање на телесната тежина
- Инфламација на очите
- Кожни лезии
Третманот на болеста се состои од антифугални лекови препишани од ветеринар.
Криптококоза
Болеста најчесто се пренесува преку изметот од птици, кои ја содржат габата. Кај здрави животни е безопасна, но кај кучиња со слаб имунитет може да предизвика сериозна инфекција на респираторниот и нервниот систем.
Симптоми на болеста:
- Намален апетит и пад на тежина
- Летаргија
- Иритација, кивање, грубо дишење
- Проблеми со очите
- Невролошки симптоми
Третманот се состои од давање антифугални лекови по орален пат. За жал прогнозата на болеста е лоша и лечењето има ефект ако се открие рано самата болест.
Локализирани габични инфекции
Тоа се најчестите габични инфекции што се јавуваат кај нашите домашни миленици. Најчесто се препознаваат со тоа што имаат јасни ограничени рабови со кожни лушпи во средина а некои од нив можат да проминираат и над нивото на кожата.
Најчест симптом е чешање и непријатност.
Третманот се состои од комбинација на топикална и системска терапија во зависност од зафатеноста на кожата. Габичките се силно контагиозни и бргу се шират, така што можат и луѓето да се разболат, па поради тоа треба да се воспостават санитарно-хигиенски мерки.
Габичен дерматит
Mallesezia pachydermatitis е најчест габичен дерматит во праксата. Оваа габа е дел од нормалната флора на кожата и ушниот канал кај кучињата. Тој настанува како секундарен дерматитис како последица на пад на имунитетот или кај алергии како секундарна инфекција. Лезиите се многу симптоматични во вид на црвена и воспалена кожа, чешање и перутање на исатата.
Симптоми на болеста
- Непријатен мирис (ако се зафатени ушите)
- Пигментирана кожа
- Перутање и красти на кожата
- Чешање и црвенило
Третманот на болеста обично е локален (медицински шампони).
Ушната инфекција предизвикана од габичка може исто да се лекува топикално или системски. Кај кучиња што патат од хронична габична инфекција третманот се засилува со користење посебна медицинска храна и регуларни антифугални капења.
Како да превенирате појава на габична инфекција
- Бањање на кучето после пливање во отворени води и валкање во влажни средини
- Убаво сушење на крзното после бањање, вклучувајќи го и надворешниот дел од ушите
- Употреба на високо квалитетна храна
Ако се сомневате дека вашиот миленик има габична инфекција можете да не контактирате во нашата амбуланта секој работен ден.
https://www.facebook.com/Veterinarna-Ambulanta-PrimaVet-Medika-1601682120147128/?ref=bookmarks