ТРАГЕДИЈА: Водителка пронајдена мртва (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Аргентинската манекенка, водителката и актерка Наташа Хаит, била пронајдена мртва во стан на еден пријател во Бенавидес, предградие на Буенос Аирес. Полицијата нејзиното тело го пронашла во кревет. Во куќата освен сопственикот, бил и еден маж. Еден од нив ја повикал полицијата.

Како што наведуваат локалните медиуми, на телото нема траги од насилство ни крв.

Порано, 42-годишната Хаит била во центарот на неколку скандали. На почетокот на јануари објавила дека ја силувале двајца пријатели, па во април 2018-та година поднела тужба за заканите кои добила неколку часа пред појавување на суд. Во април 2016-та година, крадец ја забодел со шрафцигер во врат во Буенос Аирес.

Инаку, Наташа Хаит учествувала во шпанската верзија на реалното шоу “Големиот брат”.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com