Српската натрициунистка Маја Волк загрижена е за својата безбедност во Атина, каде што живее со својот сопруга Никос.
“Во Атина има многу кражби. Пред неколку месеци не ограбија. Не ни зедоа ништо бидејќи во куќата имаме само 5.000 книги, а најскапи предмети ни се миксерите и блендерите, Сепак направија штета“ изјави Маја за “Хело“ и додаде:
“ Четврти пат го ограбуваат Никос. Не ми е до работите, туку до мојот живот. Нека дојдат, ќе им ја отворам вратата, само никој да не е повреден. И Никос од тоа панично се плаши. Дефинитивно, не се чувствувам безбедно во Атина“ вели српската мултимедијална уметничка која еден период подготвуваше здрава храна за Новак Ѓоковиќ.