Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Поради лошите временски услови, стартот во втората дисциплина од Светскиот куп во алпско скијање во Банаско-супервелеслаломот е откажанa. Уште од утринските часови организаторите настојуваа да обезбедат нормални услови за натпревар,меѓутоа,снежните врнежи не престануваа и постојано повторно ја покриваа патеката. Со оглед на тоа што се работи за брза трка, судиското жири на чело со делегатот на ФИС, нашиот Бојан Пановски донесе одлука трката да не се одржи.
Така, изостана уште возбудување за љубителите на скијањето, кои пак и покрај лошото време во долга колона чекаа жичницата да ги искачи горе на патеките на Пирин. Има и ветар, особено во горниот дел на патеките, но тоа на вљубениците во скијањето не им пречи. Домаќините, сепак, ги предупредуваат да бидат внимателни и да не се изложуваат на непотребни ризици. Да се движат во зоната, која тие им ја означуваат.