Зградата од шест ката во Меделин, Колумбија во која порано живееше загинатиот колумбиски наркобос Пабло Ескобар е крената во воздух. Зградата “Монако“ се наоѓаше во богатиот кварт ипреставуваше еден од домовите на Ескобар кој беше убиен на врвот на зградата во 1993 година.
Инаку, претходно зградата беше туристичка атракција, но општинските власта сакале да се оградат од наркобосот, па затоа се одлучиле да ја урнат. На нејзино место ќе биде изграден парк во сеќавање на жртвите на кријумчарите со дрога.