24-годишен педофил Дмитриј минатиот викенд нападнал 14-годишно девојче во лифт од зградата во Москва во која таа живеела. Нападот го извршил откако некое време ја следел, па знаел во кое време ќе тргне на настава, пренесуваат светските медиуми.
Ја нападнал во лифтот, раката и ја ставил на устата, и ја искинал облеката и почнал да ја соблекува. Злоставувањето продолжило и откако ја извлекол од лифтот и ја фрлил на подот.
Нападот е спречен откако еден станар влегол во предворјето на зградата. Тој се обидел да го запре 24-годишниот монструм кој покрај преплашеното девојче, од зградата истрчал полугол. На себе имал само маичка и еден чорап.
На рускиот педофил сега му се заканува затворска казна од 8 до 15 години.