Сестрата на покојниот Славче Петров, Биљана Јовановиќ изјави за курир.рс дека ќе поднесе тужба против надрилекарот Мирољуб Петровиќ кој го лечеше нејзиниот брат. Таа била фрапирана кога Петровиќ изјавил дека наводно му верувала бидејќи била заљубена во него.
“ Штом ќе се врата од Македонија ќе го тужам. Секој ден сум на гроб, секој ден ги гледам моите родители скршени од болка. Прво не сакав да го тужам, но кога слушнав што изјавил за мене, а јас сум сопруга и мајка, решив да поднесам тужба. Треба на говедото да му биде срам за тоа што го зборува“, изјавила Биљана и додала:
“ Претера. Наместо да се извини, тој си продолжува со приказната дека мојот брат психички не бил добар“.
Инаку, велешанецот Славче Петров почина на 7-ми јануари откако му бил дијагностициран тумор на мозокот, а се лекувал според пропишаната терапија на надрилекарот Петровиќ кој е осомничен за кривично дело против здравјето на луѓето.