Иако датумот на погребот на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ сеуште не е прецизиран, на социјалните мрежи веќе се појави понуда за организиран превоз во Белград на последното испраќање на српскиот пејач.
Имено, на Фејсбук, еден Босанец за 40 конвертибилни марки (нешто повеќе од 20 евра) нуди одење на погребот на Шабан, плус “ланч пакет“, како и посета на “Куќата на цвеќето“ на Дедиње. Оставил и број на телефон за заинтерисираните кои сакаат да се јават.
Новинарите од курир.рс се обиделе да се јават, но бројот воопшто не функционирал.