И ТОА Е МОЖНО: Заспале во своите станови, а се разбудиле во хотел

by Тони Зографски

Најверојатно во Зеница се е можно, откако преку ноќ никнал хотел во стамбена зграда. Зеничани заспале во своите станови а утредента се разбудиле во хотел. Утрината веќе била поставена таблата на хотел со четири звезди.

Се работи за хотелот “Carpe Diem”, кој никнал во стамбена зграда во една зеничка населба.

“Жално е што никој не побара одобрение од станарите. Веќе ангажиравме адвокат и започнавме судска постапка против фирмата која го отвори хотелот“, изјавил претседателот на куќниот совет Сахид Бабиќ и додал:

“ Хотелот е на првиот кат каде што има девет соби, а на тој кат е сместен и шаховскиот клуб. Нашите станови се над хотелот и веќе имаме проблеми околу влегувањето и излегувањето од зградата“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com