Поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во своето прво интервју дадено за некоја странска телевизија, за српскиот ТВ Пинк меѓу другото изјави дека неговиот политички прогон е голема срамота за Македонија.
“ Ја сум слободен човек во оваа држава. Имам лична карта за странци и пасош за азиланти. Мојот политички прогон е голема срамота за Македонија. Не знам како во таква држава може да функционира демократијата“ вели Груевски кој е уверен дека Македонија во престојниот период ќе се соочи со сериозни политички проблеми.
Тој објасни и како стигнал до Унгарија.
“ Превоз ми обезбеди унгарската дипломатија. Кога стигнав во амбасадата во Тирана, побарав политички азил, и по одреден период ме информираа дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница. Таму унгарските власти задолжени за емиграција ми доделија политички азил поради политички проблеми во мојата држава, прецизира Никола Груевски.