НЕГОВИОТ РОДНИНА ОТКРИ: Сала е убиен! (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала погребан е во својата родна Аргентина во присуство на илјадници луѓе кои дојдоа да му одадат почит.

На погребот бил и Нил Ворнок, тренерот на Кардиф, клуб со кој Сала потпиша пред несреќата.

За време на погребот се обрати роднината на загинатиот фудбалер, Матијас Гати кој изјави дека смртта на Сала е “. режирана“.

– Го убија Емилијано. Имаше многу неправилности, се беше лошо направено, и го натераа да се качи на авионот. Стана важна фигура… Го оставија сам, и никој во целата работа не го преставуваше – зборуваше Гати.

Инаку, Сала загина во авионската несреќа што се случи на 21 јануари над Ла Манш, а неговото тело беше пронајдено и идентификувано на 8 фебруари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com