Приватниот авион во кој беа две холивудски актерки мораше итно да слета во Онтарио бидејќи остана без едното тркало.
Џенифер Анистон и Кортни Кокс со приватен авион полетале кон Мексико на роденденска забава во Кабо Сан Лукас. Но само неколку минути по полетувањето од Лос Анџелес авионот го “загубил“ едното тркало. Бидејќи немало услови да слета во Кабо Сан Лукас, приватниот авион се вратил назад, и три часа кружел додека не му дозволиле да слета во Онтарио.
Покрај Анистон и Кортни во авионот биле уште десетина луѓе.