Словенечкиот пратеник Дарио Крајчич си поднесе оставка на барање од лидерот на неговата партија откако украл сендвич од маркет.
“Стоев околу три минути на штандот. Тројца вработени ме видоа и не ми обрнаа внимание оти разговараа меѓу себе. Така решив да го тестирам нивното внимание“, изјавил 54-годишниот пратеник од владејачката партија Листа на Маријан Шарец (ЛМШ).
Тој излегол од супермаркетот со сендвичот, што не бил забележан од обезбедувањето, по што сепак, се вратил за да плати.
По реакциите во јавноста, партиското раководство го осуди чинот како неприфатлив и побара пратеникот да си поднесе оставка.