Постои Бриселски договор од 2013 година кој јасно предвидува дека КБС не може да влезе на Северот на Косово без дозвола на командантот на КФОР. Ова јасно му го дадов до знаење на Харадинај, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Со тоа, тој одговори на вчерашната изјава на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека на НАТО му е предаден новиот оперативен план за целата земја и дека „нема веќе југ и север“.