Популарна хрватска поп пејачка Јелена Розга во последно време е се поактивна на социјалните мрежи. Таа често знае да изненади со интересни свои фотки.
Како дел од кампања за промовирање на својата нова песна „ Moje proljece “, 41-годишната хрватска пејачка на својот Инстаграм профил постави фотографија како пее со туш.
https://www.instagram.com/p/Bty1E2ZAf_U/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“ Дали се пее “Moje proljece?“, напиша таа под фотографијата.
Инаку, Розга својата нова песна им ја посвети на сите жени кои почувствувале љубов, болка, среќа и тага. Текстот и музиката се дело на Емина Јаховиќ, аранжманот е на Дарко Димитров, а како придружен вокал се јавува Антонија Гиговска.