Скоро пет години пејачката легенда Владо Калембер и музичкиот уметник Ана Руцнер не се во брак, но нивните пријателски односи ништо не може да ги поремети. Тоа го потврди и Владо на својот Инстаграм профил.
“ Среќен роденден мама. Ма колку и да ги собереш тешко ќе ме стигнеш“, и го честиташе Калембер 36-от роденден на својата бивша сопруга.
Се пошегува Владо во својата роденденска честитка околу разликата во години, но и покрај 66-те години пејачот е во одлична форма.