Славниот актер Џорџ Клуни застана во одбрана на неговата пријателка Меган Маркл, и го спореди „малтретирањето на новата војвотка“ со лошото искуство кое своевремено го диживеа покојната принцеза Дајана.
„Па насекаде ја следат. Константо ја прогонуваат и осудуваат. Таа е жена во седмиот месец од бременоста, а кон неа се однесуваат исто како и кон Дајана. Неславната историја се повторува, а сите видовме како тоа на крајот заврши“, загрижено коментираше Клуни, алудирајќи на фаталната сообраќајна несреќа во 1997 година, кога принцезата Дајана бегајќи од папараци, почина.