Се урна воен хеликоптер во Истанбул, четворица загинати (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Четири војници загинаа откако се урна воен хеликоптер во станбен реон во азискиот дел на Истанбул, изјави градоначалникот Али Јерликаја.

“За среќа нема цивилни жртви и повредени“, рече Јерликаја, додавајќи дека причината за несреќата сé уште не е позната.

Снимките од несреќата прикажаа чад што се издига од областа и амбулантни возила кои брзаат кон местото на настанот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com