Водителката Деа Ѓурѓевиќ која настрада во четвртокот ќе може да ја користи левата рака, по страшната незгода што ја имаше.
После 72 часа од операцијата, следеше и клучна контрола и лекарите потврдиле дека заздравувањето на раката оди во најдобар ред.
„Сите здравствени параметри се добри. Раката е витална и ќе може да ја користи. Деа ќе се опорави и од останатите повреди кои ги здоби, на карлицата, бутната коска и плуќата“, вели извор од болницата за српските медиуми.
Инаку, интересно е изјавата на српскиот пејач Немања Стефановиќ како ја запознал Деа.
“ Во 2007 годиниа работев во фармацеутска компанија со мајка и на Деа и така ја запознав. Таа беше дете, а и јас бев доста млад. Таа доаѓаше и во емисијата кога се натпреваруваа “Звездите на Гранд“ и ги предводеше навивачите. По социјалните мрежи и дадов поддршка и верувам дека ќе биде добро“ – изјавил Намања.