Откако кон крајот на годината тренерската авантура на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед заврши на неславен начин, односно со отказ, Португалецот сега пронајде нов работа. Претходно Мурињо кратко беше стручен консултант на неколку натпревари од Премиер лигата за телевизија на Островот, а сега тој ќе има сопствена емисија.
Денес беше објавено дека Мурињо ќе има сопствена емисија на телевизијата „Русија Денес“ во која ќе зборува случувањата во фудбалот ширум светот.
Повеќе детали за емисијата која ќе се нарекува “On the touchline with Jose Mourinho” не се објавени.
As the world discusses what’s next for Jose Mourinho, we have the answer…https://t.co/2kGsQ7OSFC
#JoseMourinho #ChampionsLeague #Mourinho pic.twitter.com/Utki5qGCg8
— RT Sport (@RTSportNews) February 11, 2019