Според сенаторот Елизабет Ворен, американскиот претседател Доналд Трамп до 2020 година ќе биде во затвор. Ворен е убеден дека дури и пред следните претседателски избори во земјата, Трамп ќе биде зад решетки, особено по сведочењето на поранешниот адвокат на Мајкл Коен за нелегално финансирање и врски со Русија. Таа како кандидат за претседател на Демократската партија, ова го изјави за време на изборен настан во Масачусетс.
Инаку. Елизабет Ворен ( 69 ) е една од најистакнатите демократи. Таа е сериозен критичар на големите банки и нерегулиран капитализам.