Одбивањет на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да ја суспендира таксата на производите од Србија и БиХ, влијаеше на откажувањето на посетата на Приштина на командантот на Националната гарда Ајови, генерал мајор Тимоти Ор.
Според приштинскиот весник „Коха“, американските власти го известиле Харадинај дека посетата е откажана, која беше планирана од периодо 16-18 февруари, на 11-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.