Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиното рангирање привлече големо внимание од јавноста.
Додека гостуваше во емисијата „Гледајте што се случува во живо“ (Watch What Happens Live) кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала љубовни сцени.
„Мислам дека сите беа навистина одлични“, се обиде да одговори Лоренс на почетокот, но Коен забележа дека нејзиниот коментар звучи саркастично. По кратко двоумење, таа сепак го откри конечниот редослед:
- Џош Хачерсон – најдобар
- Лијам Хемсворт
- Бредли Купер
- Тимоти Шаламе
- Крис Прат – најлош
– Најдобар е Џош, а потоа, добро, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат – рекла актерката.
Интересно е што Хачерсон бил присутен во студиото додека Лоренс го изнесувала своето мислење за тоа кој најдобро се бакнува од наведените холивудски актери.
Џенифер зборувала и за снимањето љубовни сцени, нагласувајќи дека ваквите искуства во реалноста намаат многу врска со романтиката.
Голем број членови на филмската екипа, камерите и исцрпувачкиот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна.
Особено ѝ е непријатно кога мора да снима сцени со бакнување со колеги кои се нејзини блиски пријатели, како Џош Хачерсон.
