Инцидентот се случи во пресрет на финалето на натпреварот, кое е закажано за 24 ноември.
Настанот наречен „Убавина на плажа“ се одржа на 13 ноември во хотелот „Карибе Хилтон“ во Сан Хуан, Порторико. Девојките одеа по писта која всушност беше едноставна подлога поставена врз песокот. На многу луѓе високите потпетици им беа заглавени во подот, што предизвика да ја изгубат рамнотежата и да се сопнат.

Луѓето ги критикуваат организаторите
Меѓу натпреварувачките кои речиси паднаа беа претставничките на Косово, Филипините, Перу и Венецуела. Некои изгледаа како да си ги извиткале зглобовите, а други речиси паднаа со лицето надолу на земја. Сите успеаја брзо да се соберат и да продолжат да одат. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина ја критикуваа лошата организација и опасните услови на пистата.

„Ова е опасно за кандидатките, можеа да си ја скршат ногата. Ужас“, напиша еден корисник на мрежата X. Друг додаде: „Кутри девојки, еден погрешен чекор и можеа да си го извиткаат глуждот“. Трет коментар гласеше: „Кутрите, ова изгледа болно. Можеа да си ги исечат стапалата одејќи по тепих преку песок. Ужасна идеја, особено со толку високи потпетици“.
Организатори: Настанот не ги исполнуваше стандардите
Организацијата “Мис Универзум“ објави соопштение во кое се вели дека настанот „не ги исполнил потребните стандарди за извонредност и професионализам“. Тие исто така забележаа дека настанот бил независно продуциран од Магали Феблес, национален директор на изборот за Мис Доминиканска Република, кој добил лиценца за тоа.
Според списанието Hola!, организацијата изјавила дека не била вклучена во „оперативното управување со настанот“ и затоа не сносат никаква одговорност за продукциските одлуки што доведоа до проблемот. Тие жалеле за ситуацијата и нагласиле дека настанот не го одразува брендот Мис Универзум.
Натпреварувачките имаа проблеми со визите
Нестабилната писта не е единствениот проблем со кој се соочи организацијата оваа година. Списанието „Пипл“ пишува дека некои натпреварувачки морале да се повлечат поради визните ограничувања воведени од Соединетите Американски Држави. Меѓу нив се претставничката на Замбија, Мубанга Памела Хатјока, претставничките на Република Конго и Јужен Судан, Џорџина Камбонго и Амилија Денг, и Вандерлеја Родригес од Ангола.

