Евтин ликер што содржи отровен метанол, усмрти 39 лица, а 27 се разболеа во неколку села во северниот дел на Индија. Во индиската држава Утар Прадеж починаа 26 лица, додека 13 лица починаа во соседната држава Утараханд.
Полицијата уапси осум лица осомничени за шверц, а властите суспендираа 35 службеници, меѓу кои 12 полицајци.
Инаку, смртноста поради конзумирање илегално направени алкохолни пијалоци во Индија е се поголема, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат познати брендови.