Екс-претседателот и екс-премиер на Србија, Александар Вучиќ ги загуби парламентарните избори, а тоа тешко ѝ падна на неговата десна рака Ана Брнабиќ, која моментално е вршител на должноста претседател на Србија по оставката на Вучиќ.
Таа ќе ја извршува функцијата до изборите на крајот на декември, а по поразот на Вучиќ, се реши за перформанс и да се судри со граѓаните на среде белградска улица. Сето тоа беше снимено на камера.
„Само кажи ми, бидејќи доаѓав овде… Сега кажи ми: кој е пи*ка?“, прашува Брнабиќ на почетокот, ставајќи се во лице на човек кој држи пиво во рацете.
Во продолжението на видеото, Брнабиќ одлучила да застане на средина на улицата и да го попречува сообраќајот со извици: „Газете ме! Газете!“, а сè било проследено со песната „A sad adio“ од насобраните граѓани.
