Кристијано Роналдо минува низ тешкиу денови. Вчера ја слушна веста од која најмногу се плашеше.
Иако претходно се избори со болеста, кај неговата 64-годишна мајка Долорес Авеиро повторно се врати ракот на дојката. Што е пострашно, шансите за оздравување сега се многу помали отколку претходно.
https://www.instagram.com/p/BsD54_UAOVB/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Долорес пред 12 години ја победи страшната болест, а две години подоцна Роналдо на болницата која се грижеше за здравјето на неговата мајка и донираше 100.000 долари. Потоа славниот фудбалер во својот роден град Мадеира финансираше здравствен центар за борба против ракот.