Овен (21.03 – 20.04)
Викендов концентрацијата ви е малку намалена, па можно е често да правите грешко во односот со пријателите. Пробајте да се сконцентрирате. Можни се мали проблеми во комуникацијата со саканото лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов ќе ви биде динамичен, а можно е да дојде до конфликт со блиски пријатели. Но тоа не ве плаши ниту најмалку. Верувате во позитивниот исход. Доколку сте во врска, со саканото лице ќе имате многу убави интимни моменти.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендов ќе ви се пружи прилика да дојдете до подобра заработка, па секако треба да ја искористите и да и се посветите на работата. Во љубовта ви следат возбудливи случувања, кои дури и ќе ве изненадат.
Рак (22.06 – 22.07)
Викендов можете да очекувате прилично опуштена атмосфера на полето за работа бидејќи нема да имате премногу важни обврски. На љубовното поле се оди онака како што сте планирале.
Лав (23.07 – 22.08)
Отворено покажувате незадоволство на раборен план. Викендов треба добро да размислите што понатаму. Во љубовниот однос ќе делувате премногу доминантно.
Девица (23.08 – 22.09)
Викендов избегнувајте трошоци бидејќи подоцна може да се покаете доколку претерате. Во љубовта ќе бидете склони на љубоморни испади.
Вага (23.09 – 22.10)
Викендов можеби дошло време да се позанимавате со проблеми кои едно време прилично сте ги избегнувале. Во љубовта ве очекува поволна ситуациа, едноставно ќе уживате.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов ве очекуваат некои промени на приватен план, од вас зависи како ќе ги прифатите. Со саканото лице имате добар однос, уживате во моментите поминати заедно.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Викендов ве очекува прилика да реализирате важна деловна соработка со лице кое го познавате од минатото. Не ги потиснувајте своите чувства. Обидете се да се отворите во комуникацијата со саканото лице.
Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов помошта од страна на вашите соработници ви доаѓа во вистинско време. Нема потреба да се грижите за деловните проблеми. Ќе успеете да оставите убав впечаток на лицето со кое флертувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Викендов треба да се одморите, оти се ви е преку глава. Уморни сте и надразливи. Во љубовта многу сте и посветени на саканата личност и она целосно ви верува, односот ќе ви биде прекрасен.
Риби (20.02 – 20.03)
Викендов ќе увидите дека се ближите кон остварување на целта на која сте и биле посветени. Задоволни сте бидејќи гледате дека трудот не бил залуден. Во љубовта променливи сте, па саканото лице не знае дали може да се потпре на вас.