Прва жртва од мали сипаници во земјава е шестмесечно машко бебе од кумановско. Тоа утринава починало на Клиниката за инфективни болести.
„Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици “– рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.