Несреќата во која за малку ќе загинеше српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се случила на 180 метри од зградата на ТВ Пинк, односно на две минути пешки од нејзиното работно место.
Автобусот почнал да се лизга по лизгавиот коловоз поради пукнатат цевка од која течела вода, по што, возачот изгубил контрола над воланот. Во тој момент водителката стоела на тротоарот и разговарала со возачот на автомобилот со кој претходно се судрила, кога налетал автобусот и и ја откинал раката.
Инаку возачот на автобусот има 42 години, а до сега немал проблеми во сообраќајот, а автобусот бил исправен.
Инаку, дечкото на Деа, српскиот новинар Младен Мијатовиќ по операцијата на неговата девојка изјавил:
“ Благодарност до целиот лекарски тим и до сите кои се распрашуваа за состојбата на Деа. Најтешкото помина, оптимист сум дека наскоро се ќе биде во ред и дека набрзо таа ќе се врати на телевизиските екрани“, изјавил Младен.