Судот во Хернинг, на западот на Данска, пренесе дека жена во период од пет години вадела крв од нејзиниот роден син.
Данскиот суд ја осуди 36-годишната жена на четири години затвор, затоа што вадела по 500 милилитри крв од својот син еднаш седмично во период од пет години.
Жената, која работи како медицинска сестра, дури 110 пати извадила крв од својот син, со помош на катетар, а на лекарите им рекла дека неговата лоша крва слика е последица од ретка болест на коскена срцевина.